„Јас сум од оние со низок притисок… :) Задолжително наутро следи многу јако еспресо за освестување. Го пијам во тишина и уживам во мигот на утрото и оние 10 минути поминати со сама себе, бидејќи тешко наоѓам такви мигови во овој хаотичен, динамичен живот кој ми се ‘наметнал’… свесно или потсвесно, на моја иницијатива, избор, желба за нешто ново, динамично, различно, под притисок…темпо без кое не би била јас –јас , бидејќи најверојатно и не знам поинаку.
Во цела таа утринска фрка, секогаш кога ќе го отворам плакарот, точно знам што ќе облечам, која комбинација да ја направам и кој аксесоар да го одберам. Не посветувам многу време на подготвување но, можам да кажам дека страста која ја имам за секое парче облека поединечно, и внатрешниот порив за креативност што е секогаш тука, се дел од мојата „personality“ од која ја црпам инспирацијата и енергијата во моето секојдневие и живот.“ – Симона.
Стартуваме неделава со неодоливо „шеќерно“ упатство за брз живот и музика до даска, доза на адреналин бидувајќи неверојатно квалитетна и самосвесна личност. Страствен воркохолик, мајка, млад дух, шармантен ентузијаст во топ форма што без сомнеж резултира со навистина впечатлива, уникатна појава…Современ женски комплекс на 21 век – Симона, со потполна титула „Бонбона“.

Утрински ритуали? Како ти започнува еден највообичаен ден? - „Спанка невидена сум. :) Алармот на snooze ми е подесен 10 пати... јас сум од оние со низок притисок... :) Потоа задолжително следи многу јако еспресо за освестување. Го пијам во тишина и уживам во мигот на утрото и оние 10 минути поминати со сама себе, бидејќи тешко наоѓам такви мигови во овој хаотичен динамичен живот кој ми се „наметнал“... свесно или подсвесно, на моја иницијатива, избор, желба за нешто ново, динамично, различно, под притисок... темпо без кое не би била јас –јас , бидејќи најверојатно и не знам поинаку.“

Во цела таа утринска фрка, секогаш кога ќе го отворам плакарот, точно знам што ќе облечам, која комбинација да ја направам и кој аксесоар да го одберам. Не посветувам многу време на подготвување... макс. 20 минути со се туширање, спремна сум. Но, можам да кажам дека страста која ја имам за секое парче облека поединечно, и внатрешниот порив за креативност кој е секогаш тука, се дел од мојата „personality“ од која ја црпам инспирацијата и енергијата во моето секојдневие и живот.

Работа во маркетинг агенција... „tell me about it“. Не сакајќи завршив повеќе од 10 години. Tемпото кое го наметнува самата работа во агенција, а во моментов тоа е маркетинг агенцијата Division, како Chief Operating Officer, апсолутно одговара на мојот темперамент и ми ја дава таа дневна доза адреналин која ми е потребна за да го постигнам потребниот баланс во животот. Токму поради тоа најверојатно, не само што сум непрезаситена туку, работам под „полна пареа“, како никогаш досега.

Обично луѓето сакаат да живеат во комфорна зона и се задоволуваат со работите кои веќе ги имаат стекнато од претходно, не сакаат предизвици, односно не сакаат да излезат од комфорот во кој се наоѓаат. Е ова правило за мене не важи :) Секогаш сакам нов предизвик и не се задоволувам со тоа што го имам... ова можеби некој ќе го сфати како маана, но едноставно таква сум :)

Сите почетоци се тешки, потребно е голема истрајност и секогаш да веруваш во себе. Еве конкретно како пример ќе го наведам мојот работен пат... моите почетоци во маркетинг агенција како акаунт (асистент, менаџер, директор).... макотрпно професионално развивање во текот на една деценија и наталожено искуство кои ме донесоа денес во една многу посериозна суштинска раководна улога.

Нови генерации, нови времиња... сè е поразлично од тоа кога бевме ние студенти, млади ентузијасти спремни да го одговориме на предизвиците кои животот ги носи... Денешните генерации имаат поголем избор, можности... Ние се соочувавме и со генерација на конзервативни родители на кои моравме да им пркосиме со нашите одлуки и ставови, чии ставови реално имаа големо влијание врз нашите донесени одлуки.

Во текот на годините, многу успешни проекти сработени зад себе... Моето мото е: „многу работа, труд, трпеливост, желба да се биде подобар, никогаш да не се откажуваш и да си спремен да учиш постојано...“ Ден денес сум сè уште отворена за нови предизвици и учење на нови нешта.... ако тоа престане, престанува и предизвикот, а со тоа престанува и желбата за работа.

Кога сме кај публиката, да, таа е од СУШТИНСКО значење за успехот на еден бренд, умешноста да се изгради вистинска емотивна поврзаност помеѓу публиката и брендот е патот до успехот на секој бренд. Тука ќе се надоврзам и за комуникацијата на социјалните медиуми: сосема природен процес е работите да прогресираат и да се менуваат. Нови генерации, нови времиња, нов начин на комуникација.

Ова е времето на „Digital Age“ каде социјалните медиуми го заземаат местото како најмоќен медиум. Сè се случува со невидена брзина, од достапност на информации, содржини, до пренесување на порака. За да се издвоиш од толпата мора да го најдеш вистинскиот начин како да допреш до твојата публика, да ја пренесеш пораката која сакаат да ја слушнат и да се идентификуваат со неа. Сметам дека „Скопје се носи“ е добар пример за тоа и дека е дел од една успешна приказна. :)

Да, читам. Обично пред спиење за добро тонење во длабок сон. :) Немам омилена книга, имам омилени книги: „Свила“ од Алесандро Барико – прочитана во еден здив... неверојатно колку добро те освестува и ти прави „reality check“. „Sputnik Sweetheart“ – Murakami – фантазер кој постојано те држи онаму горе... не те спушта на земја. Ги препорачувам и: „About A Boy“ - Nick Hornby; „How To Be Good”; „High Fidelity“; „Ignorance“ – Milan Kundera; „Moulin Rouge“ - Pierre La Mure.

Што слушаш деновиве на repeat? - Не само на repeat, туку и „до даска рокнато“ и тоа додека возам накај работа... :) Едноставно ми го качува адреналинот, скроззз ме поонесува... и наместо да успорам вожња, дополнително знам да додадам на гас. :) Обично знам да се „залепам“ за една песна или албум и тоа може да трае до недоглед на repeat... и така сè, до следниот избор. Албум, кој го „вртам“ деновиве е „Live & Aflame Sessions“ од Akua Naru, hiphop артистка која недоамна ја открив и ми се „пикна“ под кожа уште при првото слушање. Друго што најчесто слушам: - Avishai Cohen Trio, Hindi Zahra, St. Germain.... Ibrahim Ferer, Thievery Corporation, Norah Jones, David Bowie, па сè до Coldplay... ценам сè што е квалитетно и добро, независно од жанрот на музиката.

Што никогаш не губи мода? - Фустаните од мајка ми од 70-тите години, кои се уште знам да ги облечам во одредени пригоди. Многу работи чувам од нејзино време и понекогаш се составен дел од мојот outfit, а тоа се марами, кошули... оние ленените со широко деколте целите „лепршави“ :) Треба само да знаеш да го „носиш“ и да се идентификуваш со него; така, секое парче може да биде безвременско.

Секој период во животот е со своја тежина. Можам да кажам дека периодот децата кога беа многу мали, а истовремено се бараше од мене да работам со истиот ентузијазам и капацитет на професионално ниво во однос на мојата работа, беше период на еден вид дисбаланс... но сето тоа поминува и едноставно кога точно знаеш што сакаш во животот, можеш да бидеш и успешна мајка и успешен во својата кариера.

Секој може сè. Без разлика на годините секој може сè, најважна е желбата и ентузијазмот кој го носиме со себе. Паралелата која можам да ја направам од лично искуство многу повеќе енергија, и фокус на работите имам сега, отколку на 25 години. Можам да кажам дека физички така и се чувствувам, како 25 :)

Дали е до нашиот менталитет, не сум сигурна. Но, само кај нас се става толкав акцент во однос на возраста... постојат голем број предрасуди во многу аспекти од животот кои се надевам дека со текот на време ќе ги надминеме, и како генерации, и како поднебје. Секој од нас треба да работи на тоа да биде задоволен индивидуалист!

Да имаш „Дете“ е најголемиот проект во животот. Ние сме тие од кои што нашите деца ќе учат и потребно е да ги изградиме во добри, совесни личности. Потребно е многу трпение и секогаш добро да размислиш пред било што да кажеш пред нив... тие се како „сунѓер“ впиваат сè што ќе чујат и видат. Многу е тешко да се делува да не потпаѓаат под влијание на стереотипите во околината во која живеат, но сепак на крајот ние сме огледалото на нашите деца.

Голем број од потребите и желбите што сум ги имала порано, да направам нешто, да преземам некој чекор... мислам дека со текот на времето созреваш и добиваш храброст да ги реализираш. И колку порано и побрзо сконташ дека треба да живееш со секојдневието, моментите, со луѓето да не се лишиш од ништо, толку подобро. Звучи „клише“ ама не е. Енергијата што ја имаш во тебе ти се рефлектира на стил на живот, на пријатели, буквално на сè. Сè е до личноста, до себе, твоите потреби но, пред сè, да живееш во моментот. Да ги искористиш моментите и да ги искористиш на вистинскиот начин.

Како дете, имам растено со баба шнајдерка и тетка моден креатор. Тетка ми беше моден креатор во Трготекстил, на времето. Кај неа стигаа материјали, односно штофови, таа ги кроеше... и јас израснав со тоа. Да ме „ставиш“ сега во некој простор со материјали одма знам што со што оди, ми се склопуваат „коцките“ во глава.

Последно нешто што можам да издвојам, а е поврзано со настан надвор од Скопје, тоа е концертот на Coldplay ова лето, во Барселона. Зошто токму Coldplay од сите настани и концерти во Европа?? Таа група... ме поврзува и ми буди спомени со одредени сакани блиски луѓе и убаво беше заеднички да се доживее и сподели тоа искуство. Иако, за мој вкус би сакала да ги слушам некаде unplugged со малкубројна публика и тоа, да го свират првиот нивeн албум „Parachutes“... e во такво светло би сакала да ги видам Coldplay.

Можам да кажам дека многу помалку излегувам за разлика од порано но, секако е поквалитетно. Порано ако излегував од понеделник до понеделник, буквално секој ден, сега е значително редуцирано, но сведено е на луѓето кои ги сакам во пријатни дискусии, театар, изложба, кино, се разбира и добра журка. :)

Се вадам од памет кога во светските метрополи има наплив од сите брендови и ти се појавуваат на секој чекор, дури понекогаш стануваат и напорни. И, обично, бегство правам низ некои тесни улички и квартови каде се продаваат handmade уникатни парчиња или не толку познати, локални брендови... така и со парчињата од мајка ми, и покрај поминатите години тие за мене секогаш ќе останат безвременски.

Би ми недостасувал оној маалски живот кога ќе поминеш низ Дебар Маало, со секој втор да си застанеш и да си попраиш муабет... Би ми недостасувал мирисот на липите во пролет... Гранапчето од кое задолжително поминувам да купам нешто секое сабајле и муабетот направен со вработените... Утринските летни кафиња во „Синдикат“ или „Радиобар“, пред работа, секое сабајле, кога ја оставам Дарија во градинка.... јас сама, пар луѓе и уличните маалски кучиња кои ти прават друштво... понекогаш знае да ми се приклучи и некој близок па да си помуабетиме во 8.30 часот сабајле. :) А, за она останатото што се случува постојано, како друга паралелна димензија... Се надевам дека градот убав пак пак ќе никне!