По што се познати Швајцарците?
Прекрасното скијање и одличното чоколадо? Практични џебни ножеви и сметки во странство? Основање на Црвениот крст?
Сето тоа е точно.
Но, дали знаевте дека Швајцарија била исто така родно место на една екстремна бунтовничка младинска супкултура, заснована врз опсесијата со иконите на американскиот рокенрол како Елвис Пресли, Џејмс Дин и Марлон Брандо?
Во доцните 50-ти години, Карлхајнц Вајнбергер (1921-2006), еротски фотограф за списанија, во тоа време, открил растечка супкултура на швајцарските „банди“, кои започнале да создаваат бунтовнички изглед кој ги споил американските слики за поп-културата со свои карактеристични идеи за стил.
Тој го посветил своето време да ги следи овие бунтовници наоколу, заработувајќи ја нивната доверба и последователно го документирал нивниот животен стил.
Она што е интересно за сликите е строгиот контраст помеѓу ангелските лица со руса коса, и нивните екстравагантни фармерки прилагодени со завртки, ѓердани со огромни ланци и токи за ремени во форма на оклоп.
Целта на движењето била јасно да се покаже отфрлање на авторитетот и социјалните идеали наметнати од страна на високата класа во Швајцарија во тоа време.
Делото на Вајнбергер, можеби единствената документација денес за оваа изгубена и заборавена супкултура, се цени не само поради историската важност, туку и поради нејзината уметничка вредност.
„Рицоли“ има објавено книга во која се прикажува работата на Вајнбергер, која тивко влијаела врз модата со децении…