
Зебра, пешачки премин, бар-код – риги!
Тие владеат во светот на модата последниве 150 години.
Нема точен податок кога било создадено првото парче со риги, но имаме повеќе интересни информации за нив, во секој случај.
Навраќајки се назад во времето, кон средниот век – облека во риги носеле само затвореници, кловнови, осуденици, бидејќи шарата се сметала за зла. Еден француски чевлар бил осуден на смрт само затоа што бил фатен во облека со риги!
Е, потоа следуваат попријателски времиња за ригите. На крајот на 18 век тие конечно станале шик, благодарение на славните луѓе од тоа време.
Во 1846 година, кралицата Викторија го облекла својот четири годишен син Алберт Едвард, во морнарски костум за да се возат во нивната „Royal Yacht“. Оттогаш јавноста почнала да се восхитува и да го обожава секое дете облечено во риги.
Оригиналниот изглед бил исто така популаризиран благодарение на уметничката слика на Franz Xaver Winterhalter од 1847 година, која покажува момче облечено во пругаста морнарска јакна. Тогаш никој не знаел дека изгледот „од море-на копно“ ќе биде почетна точка и мејнстрим тренд кој ќе опфати повеќе од 150 години.
Најпосле и пливачите исто така го усвоиле стилот, носејќи отмени, сино-бели костими за капење во риги.
Блузата во риги станува „институција“ во модата од средината на 19 век. А морнарската, сино-бела блуза со 21 рига, која ја симболизира секоја од победите на Наполеон, станала униформа за сите Французи кои ја сочинувале морнарицата. Блузата „Бретон“- именувана по работниците од Бретања кои придонеле за зголемување на нејзината популарност во текот на втората половина на деветнаесеттиот век.
Во почетокот на 20 век, Коко Шанел ја посетила француската ривиера. Штом пристигнала, ги видела работниците во пристаништето облечени во нивните плетени сино-бели пругасти блузи. Не било изненадувачки тоа што оттаму се родила инспирација за нејзината нова морнарска колекција. Секогаш влијателната, Коко Шанел го обожавала минимализмот на ригите. Веднаш по посетата на француската ривиера таа знаела дека ќе ги прослави ригите и парчињата од колекцијата се продавале во Франција во продавницата „Deauville“ во 1917 година.
Госпоѓица Коко во нејзината куќа во „La Pausa“ со нејзиното куче Жиго. 1930 година.
Благодарение на Коко Шанел – започнала модната „треска“ по морнарските риги.
Подоцна во 20 век, бретон блузата била усвоена од сите. Уметници како Пабло Пикасо и Енди Ворхол и ја вратиле славата кај машката популација и ја присвоиле за себе.