Си бил еднаш еден навистина разбесен витез. Тој открил дека неговата сопруга имала љубовник и секако, побарал одмазда во двобој до смрт со неговиот ривал. Но, дури и таа победа не била доволна да го смири неговиот бес, па тој му го отсекол срцето на љубовникот на неговата сопруга и му го дал на неговиот личен готвач со специфично упатство: сварете го во рагу за мојата сопруга. Несомнено, вечерта таа ја излижала чинијата од сласт. Легендата така вели, а луда е на ниво на Патрик Бејтман, и потврдува колку длабоко е вкоренета улогата на срцето како моќен – и опасен – симбол на љубовта. Но, како од ерата на витештвото преминал на честитки за „Валентајн“ – и што симболизирал пред тоа? Кога срцето почнало да чука за љубов?

Најраниот симбол во облик на срце можеби всушност бил приказ на семето на растението силфиум, кое се користело како контрацепција во античка Либија. Исто така, може едноставно да го претставувал обликот на нечија задница или дури и женската вулва. Античкото потекло е повеќекратно и оставено на историските шпекулации.

Како поинаку „постоела иконата за срцето пред развиениот среден век?“ прашала авторката Мерилин Јалом во „Љубовното срце: неконвенционална историја на љубовта“. Симбол во облик на срце бил пронајден на медитеранските монети во 6 век пр.н.е., како и на пепелниците – што значи дека можеби бил поврзан со лисја од лоза во облик на срце. Во меѓувреме, во шпанскиот приказ на „Четворицата коњаници на апокалипсата во 14-от век“, исто така, гледаме срца на задните нозе на коњите.

„Срцето можеби означувало и раса на коњи“, вели Јалом, „Зошто да не? Двојните заоблени делови навистина потсетуваат на задните бутови“. Дали тие биле симболи на војна? Сила? Целото вино што би го испиле по битката? Сепак, во средниот век започнала вистинската забава. Тоа била доба на дворска љубов. Средновековните филозофи се свртеле кон Аристотел, кој рекол дека чувството не живее во мозокот, туку во срцето. Во „Средновековните тела: животот, смртта и уметноста во средниот век“, Џош Хартнел објаснува дека тие исто така ја наследиле грчката идеја дека срцето е првиот орган што се создал во човечкото тело – тоа било „куќа на човечката душа“.

Но, еден од најголемите митови за средновековното срце е дека тоа секогаш ја имало формата на која сме навикнале да го гледаме. Отпрвин, срцата биле насликани како украсени круши, борови шишарки или ромбови, што делумно се должи на фактот што во старите времиња, сè уште било прилично богохулно да се расчленува светото човечко тело. Знаеле дека срцето испушта крв, но не и дека целата таа крв се враќа на автопатот од вени и артерии. Затоа започнало да се здобива со таква репутација, за чувствителност на емоции -„срцето што крвари“.

Сè до 14 век, срцата обично биле насликани наопаку. Првиот приказ на срцето во романтичен контекст се верува дека е во францускиот ракопис „Roman de la Poire“ од 13 век – докажувајќи дека, да, луѓе, Французите отсекогаш биле опседнати со љубов – и вие ќе забележите дека срцето е навистина наопаку, изгледа малку како манго.

Срцето, во облик на овошје или познатата форма што ја има денес, станало мотив на трубадурски песни, мермерни ковчези и партитури; можело да се види на карти за играње, во ракописни шкртаници, и во модата исто така – како „Escoffin“, еден вид украс за глава во форма на срце.

Да не заборавиме, ова била ера во која луѓето многу сериозно гледале на змејовите, па дури и почудни средновековни чудовишта, па срцето било поврзувано со многу чудни подмолни сплетки (види: гореспоменатата приказна за рагу од срце). Луѓето во средниот век многу верувале во мантрата „вие сте она што го јадете“ и затоа гозбата со „грешно“ срце била вистинска смртна казна. Срцето, како орган кој впива сè, имало свои очи.

Ова нè носи до потеклото на Денот на вљубените. Еднаш, многу одамна, „дворската љубов“ била опсесија во литературните дела со специфичен романтичен наратив: почитуван витез пробува да освои невина девојка, обично со помош на пеење и свирење. По избор, може да се вклучени и змејови. Но, срцето било приказ и на божествената љубов од христијанството до исламот, и токму во овој расчекор меѓу две метафори се родил денот на вљубените.

Гласините велат дека англискиот автор од 14 век Џефри Чосер („Приказните од Кантербери“) бил прилично погоден од приказната за еден маченик христијанин од римско време, Валентајн, кој тајно венчавал парови. Така е, навистина стоел Италијанец од крв и месо зад кичестиот празник што го добивме денес . Има уште многу што не знаеме за г-дин Валентајн, но суштината на неговата приказна послужи како одличен празничен материјал.

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply