Пред сè, би сакала да ти се заблагодарам што ме исконтактира и што овозможи ова интервју да стане реалност. Инаку, јас сум Мартина Атанасовска, по потекло од прекрасната Битола и последните 6/7 години живеам во Милано, Италија. По едукација сум архитект/урбанист и моментално работам во фирма што се бави со проектирање на landscape architecture во Милано. Тоа што најмногу ме исполнува во работата е кога треба да се работи на креативниот дел, подобро кажано делот на рапрезентација на проектот преку колажи, видео и сите останати медиуми кои се користат во доловување на целосната идеја. Со оглед на тоа што во работата не можеме секогаш да го правиме само делот кој нè исполнува најмногу, последниов период имав огромна потреба да ја ослободам креативноста надвор од работните часови и веќе некои 2/3 месеци тоа што ме исполнува покрај работата е сликање на платно со акрилни бои. Одамна не сум правела нешто кое што ме исполнува како што ме исполнува сликањето периодов.  

Хмм, имам многу мали омилени задоволста. Вкусот на утринското кафе (посебно откога прекинав да пушав, верувајте ми луѓе кафето е милион пати повкусно без цигара :)), зимска вечер за време на неработни денови, топол чај и добар филм, мирисот на штотуку испрани алишта, and an all time winner кога некој ме чешка во косата.  

Обожавам да се будам многу рано, најчесто околу 6.30 часот. Првата работа што ја правам е skin care рутина, после тоа појадок, за којшто одвојувам многу време затоа што ми е омилен оброк во текот на денот и околу 9часот започнува мојот работен ден. Кога станува збор за outfitot кој секогаш победува во мојот случај е comfy clothes. Со оглед на тоа што секој пат кога излегувам низ Милано се движам со точак, на некој начин сум и лимитирана во изборот на облека, не е секогаш најкомотно да се оди на точак во сукња, or I am simply not the type :). Најчесто носам mom’s jeans и еднобојна многу едноставна блуза, и obligatory долго minimalist cut палто. Искрено последниов период со пандемијава не сум ни имала многу прилики да излезам со посебна умисла навечер, а кога ми се случува да сум излезена цел ден без никаков проблем вечерта би ја продолжила и со нај casual outfit кој што сум го носела цел ден.

Мислам дека преку начинот на кој се облекуваме несвесно, но често пати и свесно, се трудиме да ја истакнеме личноста којашто сакаме да бидеме. Знак за тоа е фактот што во моментот кога човек поминува низ внатрешни промени првиот филтер низ кој е видлива таа внатрешна промена е надворешниот изглед.

Што никогаш не губи мода? Долго еднобојно палто, јакна jeans, ролка од кашмир и очигледно the little black dress.

Мислам дека меѓу младите кои ги познавам јас во Македонија и тие што ги познавам тука во Италија нема голема разлика. И тука и таму сите пробуваме да се пронајдеме себеси на некаков начин. Вистинската разлика што јас би ја издвоила, посебно во однос на стил на облекување, не е меѓу младите, туку повозрасните. Во Македонија жените и мажите на 40-50-60 години на некој начин имаат тенденција да се запостават, додека во Италија една работа што мене лично ми прави многу ќеф е тоа што без оглед на годините по улица се случува да видам жена на 70 години да е подобро облечена од млада девојка.

Модни опсесии? Палто, палто и палто. :) Секојпат кога ќе излезам со намера да купам облека од којашто имам потреба во моментот, јас се враќам дома со yet another coat и очигледно без тоа за кое сум излегла. :)

Последниов период најчесто комбинирам парчиња облека што се минимал и според мене до некој степен формални, конкретно ми се допаѓа сè што може да се најде во COS, Uniqlo и & Other Stories  и сето тоа го комбинирам со додатоци кои целиот outlook го прават урбан. Пример, бели спортски чорапи (love it), casual еднобојни патики и најбитниот елемент во последната година што ми го спаси животот од избор на чанта, which has never really been my thing, е fanny pack. Искрено конечно после долго време сметам дека преку начинот на кој се облекувам ја прикажувам Мартина која сакам да ја запознаат луѓето околу мене, така што не би сменила ништо. Единствено можеби во момент кога тоа можам да си го дозволам во иднина, би додала некои парчиња облека од брендови како Off White, Balenciaga и Supreme.

Кул за еден аутфит сметам дека е едноставноста на истиот. Тоа што секогаш успева да ми го задржи вниманието е комбинација на наједоставен дизајн на парчиња облека изработени од материјали со висок квалитет, во неутрални бои, со еден или два детали кои со боја и дизајн го акцентираат целиот аутфит и го прават Formal Streetwear. 

Што ми го покрева духот? Луѓе кои ми даваат слобода да бидам јас без никакви додатни филтри.

Кај жените ја ценам способноста да бидеме емпатични кон светот, додека кај мажите ја ценам едноставноста и честопати нивната наивност. :)

Прва работа што ми доаѓа на памет како мое достигнување е дефинитивно степенот на свест што го развивам и негувам од неодамна, за тоа која е Мартина и што сака за себе, настрана од сите надворешни влијанија. Сметам дека светов ќе биди поубаво место за живеење доколку сите се потрудиме да се запознаеме себеси малку подобро.

Mислам дека отсекогаш сум правела сè со своја глава и речиси и не сум слушала совети скоро од никој и веројатно затоа не ги ни паметам.

Клучни парчиња гардероба кои секогаш завршувам да ги облечам кога немам идеја? Фармерки, еднобојна блуза, патики, fanny pack, точакот and out. :)

Не се сметам себеси за девојка која следи со посебно внимание последни трендови, отсекогаш во изборот на облека сум одбирала comfy over trendy.

Животна философија по која се водам? Јust breathe.

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply