„Скопје се носи” би сакало да сподели едно навистина фантастично ремек дело – Скејт паркот на кеј. Вистина е дека му претстојат осамени дни во оваа доба но, духот во кој е обмотано ова катче, боите во кои е „облечено“, слоевито, графити врз графити доследно го издигнуваат до скулптура-споменик на една градска, феноменална субкултура! Сè уште недопрено, нека остане свето и живо на младината со уникатно, „еко“ превозно средство, урбаниот спорт и рекреација, уметнички израз и неверојатен стил на живот.
„Skate or die!“ – Порака и мото „двигател“. Кое е вашето мото?
Стајлинг на неделата – понекогаш сè што треба е само фармерка и кошула. И бела маица со Bruce Lee! Сив капут и „албино“ чизми и ете простор за игра со живописни аксесоари! Чанта „камелеон“, нека се прелеваат светките и преку ден! – „Statement“ парче на себе, Вашето мото на ум и само напред!
#Skopjesenosi со Springfield и Бата, благодарност до Fashion Group Macedonia. :)
Фармерки Springfield – 1990 денари
Маица Springfield – 1390 денари
Кошула Springfield – 1990 денари
Капут Springfield – 5590 денари
Капа Springfield – 690 денари
Зимски чевли Bata – 4990 денари
Чанта Bata 2290 денари