Неделата се состои од 7 дена во кои, за секој ден одделно, со добра организација и истрајност, ќе се најдат време и место да се впуштиме во авантура, да се забавуваме, да бидеме активисти, сплотени при тоа дотерани, убави, насмеани што се вели, „да грми земјата под нас“! Но пред сè здрави и фит. И покрај тоа што сме обврзани да бидеме исполнителни и дисциплинирани, најчесто и борбени и во добар кондиционо-натпреварувачки дух во безмилосната трка со времето. Сеопфатно, во тоа и се состои активниот живот, нели?!
Најдоа време и место, нашите 7 урбани херои, фаци, идоли и пријатели – денес и овде – заземајќи ја улогата на амбасадори, секој од свој личен аспект, да зборува за суштински аспекти на квалитетното живеење. Да си мислиме „добро“ на себеси, да бидеме смели, љубопитни, динамични! Инспирација и пол за сите 7 дена во неделата! И нема подобро време и место да се активираме денес и веднаш: Три, че-ти-ри! СТАРТ!

2. Секој ден ми започнува со 90-минутен часовен тренинг во теретана, во 7ч наутро. Туш и замнувам на работа, почнуваат секојдневните обврски. Работата ми е динамична и постојано сум во движење. Храната го има главниот „збор“ во мојот живот бидејќи сум дијабетичар и се разбира мора да сe сите оброци „под конец“: доручек, ручек, вечера и две ужинки измеѓу, најчесто овошје. Вторник, четврток и недела се денови наменети за кик боксот во мојот клуб од 21 часот. Преостанатите денови е само тренингот наутро во теретана.

3. Буквално секој ден ми е „активен живот“: наутро тренинзите, потоа работата исто така динамична која подразбира и постојано движење. Претпоставувам како и кај секој друг, динамичните денови се исполнети и со нервоза и со радост и сите пропратни работи кои таа динамика ги носи. И ми се чини дека и те како станува секој ден сè побрзa и по брзa.

4. Oна што вистински ме ослободува, ме мотивира и движи е кик боксот кој му дава дополнителна „нота“ на мојот живот. Mе троши, ме прави ментално и физички поспремен, ме опушта, ми го намалува стресот и ме учи како да ги примам „ударите“ што ни ги задава животот... едноставно не знам како би успеал без кик боксот кој ми ги празни и полни батериите... и ме одржува во живот, со самиот факт дека сум дијабетичар и физичката активност ми е задолжителна. Почнав со фудбал и во тие неколку години додека живеев во Швајцарија, почнав да одам и на кик бокс. Веќе 9 години како тренирам во кик бокс клубот „Гладијатор Скопје“ со тренерот Драган Атанасовски - Брос кој е воедно и тренер на македонската кик бокс репрезентација.

5. (Мото по кое се водиш во животот?) - Цитирам: “I'd hold you up to say to your mother, "this kid's gonna be the best kid in the world. This kid's gonna be somebody better than anybody I ever knew." And you grew up good and wonderful. It was great just watching you, every day was like a privilige. Then the time come for you to be your own man and take on the world, and you did. But somewhere along the line, you changed. You stopped being you. You let people stick a finger in your face and tell you you're no good. And when things got hard, you started looking for something to blame, like a big shadow. Let me tell you something you already know. The world ain't all sunshine and rainbows. It's a very mean and nasty place and I don't care how tough you are it will beat you to your knees and keep you there permanently if you let it. You, me, or nobody is gonna hit as hard as life. But it ain't about how hard you hit. It's about how hard you can get hit and keep moving forward. How much you can take and keep moving forward. That's how winning is done! Now if you know what you're worth then go out and get what you're worth. But yagotta be willing to take the hits, and not pointing fingers saying you ain't where you wanna be because of him, or her, or anybody! Cowards do that and that ain't you! You're better than that! I'm always gonna love you no matter what. No matter what happens. You're my son and you're my blood. You're the best thing in my life. But until you start believing in yourself, yaain'tgonna have a life. Don't forget to visit your mother.“ – Rocky Balboa. - Се наежив.

На последното државно првенство се такмичев во две дисциплини и освоив златен и бронзен медал. Само упорната работа и истрајност може да донесат резултати. Нема да лажам, многу пати сум бил истоштен и изморен од работа и не сум сакал да отидам на тренинг меѓутоа чуството после тренингот... не можам да го опишам. Едноставно се осеќам како нов човек кој е спремен за животот и чека да дојде утрешниот ден со нови предизвици.

Бидејќи сум дијабетичар од својата 12 година, здравиот начин на живот е неопходен и дисциплината мора да е на високо ниво доколку сакам да имам резултати, како во приватниот така и во професионалниот живот, работата и кик бокосот. Во принцип не сум човек кој се откажува туку турка напред; сакам да сум им мотивација и да им докажам на луѓето и околината дека иако дијабетичар, не сум поразличен од сите други. Сакам и да ја подигнам свеста кај луѓето со дијабет и да им бидам пример на младите генерации дијагностоцирани со оваа состојба на организмот дека можат и тие да имаат активен и здрав живот, да не се плашат од ништо и да го прават она што го сакаат и што ги исполнува.

Имиџот, исто така, е битен. Внимавам секогаш да сум „скоцкан“, да имам свој стил по кој луѓето ќе ме препознаваат. Со мојата работа секако мора да сум секогаш претставителен бидејќи ако сакаш да си успешен во животот мора да вложиш во себе, да се надоградуваш и да се едуцираш. Но кога ќе постигнеш некаков статус, треба да го одржуваш и да држиш до одредено ниво. Имено првиот впечаток што ќе го оставиш кај луѓето може да биде и последниот.

Имам 14 години, се викам Стефан. Секој ден станувам рано, пијам чаша вода или овошен шејк и се подготвувам за училиште. Откако ќе ми завршат часовите, одам на тренинг по тенис и на терен сум околу два часа. По завршувањето следува истегнување, или пак дополнителен кондиционен тренинг. Потоа доручкувам добар протеински оброк. Исто така се одморам после напорниот тренинг. Остатокот од денот го поминувам во исполнување на училишните задачи, се дружам и со другарите, седиме у школски (двор), на уличка, играме баскет на кош пред зграда, а понекогаш одиме и на кино. Околу 22 часот одам на спиење затоа што енергијата мора да се надополни.

Под активен живот подразбирам секојдневно тренирање. Три пати во неделата имам кондициони тренинзи, а во склоп на сето тоа возам велосипед и трчам покрај кеј. Здраво се хранам и постојано се надоградувам. Учам новитети, следам мечеви на познати тенисери и сонувам еден ден и јас да бидам меѓу најдобрите. Секоја победа ми дава мотивација за да се вложам уште повеќе.

Сакам да трчам и да ги стигнувам топките. Кога играм против некого, на почеток на мечот ми се случува да имам трема. Ама како се развива мечот ми станува се поинтересно и се опуштам, почнувам да правам тактика за противникот, ги наоѓам неговите слабости и се концентрирам се повеќе да победам. Повеќе ми е предизвик да играм со појак противник затоа што тогаш сум повеќе мотивиран и можам да ги истакнам моите најјаки страни, да си се докажам и на себе и да го дадам максимумот од себе! Некогаш и губам ама и победувам.

Почнав од 7 години. Ми се допадна играта, напредував и едноставно ме влечеше, сакав да се усовршувам... Одам на училиште, учам и ги исполнувам задачите, но тенисот е нешто што навистина го сакам. Го сакам затоа што е спорт кој ме прави да се чувствувам физички многу силен. Кога трчам, кога ги стасувам топките и кога го обмислувам поенот. Тој е чист спорт, нема фаули, нема удари од друг. Го сакам и поради возбудата која мечот ја носи, прв сет, втор сет, тајбрејк, поради радоста што не можам да ја опишам кога ќе победам...

…но учам и да се справувам со тагата и лутината кога ќе изгубам. Тој што подобро се подготвил, кој вложил повеќе труд, тој победува. Ако не си доволно подготвен, шансата за успех ти бега. Ако изиграм добро сум задоволен, а ако не си правам анализа каде згрешив, што згрешив и гледам следниот пат тоа да го поправам и да бидам уште подобар. И така продолжувам понатаму.

Моментално работам на реализација на настанот „Магична Шума“, која вклучува изработка на разни новогодишни декорации, изработка на маскоти и илустрација на објекти. Периодов работев и на други новогодишни декорации низ скопските трговски центри. Денот ми почнува со здрав доручек и природен сок, ако има потреба од набавка на материјали, растрчување до Бит Пазар и локалните продавници за материјали, потоа работа во атељето во кое ги сработуваме нашите проекти.

Во зависност од годишното време се занимавам со различи спортови. Во зима возам snowboard и splitboard, се качуваме на врвови и потоа на даските се пуштаме по предели каде можеби и никој пред нас се немал пуштено и возбудата е огромна. Потоа на пролет и есен одиме по планини, качуваме карпи, возиме точаци по разни планински предели... оваа година истрчав за прв пат и полумаратон и доста актуелно ми беше трчањето на кеј.

Веројатно има неколку видови на Активен живот, на некои самата работа им вклучува активност, некои пак имаат голема „кафанска активност“, некои се „активни“ со искачања и активно ги шетаат скопските улици, некои се физички активни. Можам да се најдам во сите овие категориии, но некако последниве години најприсутна ми е физичката активност која ми придонесува психички мир и веројатно тоа е една од главните причини за истата.

Некако природно и интуитивно ми дојде викендите наместо во hangover, да ги поминувам некаде на планина и на отворено каде можам да си ги наполнам градите со чист воздух и да си го пуштам погледот подалеку на хоризонтот. Почнав да експериментирам со моите физички способности и авантурите почнаа да се случуваат. Интересно е што после поголема физичка активност во телото ни се лечат хормони како ендорфин кои прави да се чуствуваме среќно, исполнето и задоволно.

Во бременоста малку се дистанцирав од одредени активности иако во раната бременост се искачив на Олимп и качував тешки насоки на Метеори и Ираклица во Грција, секако не знаејќи дека сум бремена. Веќе со месеци вежбам пилатес, инструкторката ги модифицира вежбите на моите способности и некои викенди се качувам на Водно.

Придобивки има многу, намалив на физичка тежина, напреднав со физичката кондиција, почнав уште повеќе да ги сакам планините и воопшто природата, стекнав многу нови пријатели и најзабавниот дел е што заситувајќи се од познатите локации, бараме нови предизвици и влегуваме во безброј авантури.
Photo Credit: Dejan Boskovski Photography

Го знаеме како LD Pistolero.
(Дефиниција за активен живот) - Секојдневно, максимално искористување на времето, ко што вика мајка ми "Дур сте млади треба земјата да се тресе под вас!" Кога ќе станам порано и ќе го исполнам цел ден и се осеќам ко да биле два. Тие што легнуваат касно и стануваат утредента на пладне не знаат за што зборувам, нека пробаат. Ноќта е за спиење.

Различните моменти доведуваат до нови идеи, новите идеи до креативна реализација, а човекот е најсреќен кога е реализиран. Што повеќе си активен и се дружиш толку повеќе дознаваш за себе, а и за другите. Работите кои те исполнуваат, во исто време и те „празнат“ ама не оставаат дупка туку простор за повеќе. Кога си во допир со други луѓе со кои разменуваш искуства и учиш, тогаш ја будиш свеста, се запознаваш со себеси и поминуваш квалитетно време со сам себе. Тоа е активен живот.

Од аспект на ПОПУЛАРНОСТ, ИМИЏ и МЕДИУМИ - Никогаш не сум се осетил така, дека сум нечиј идол и дека поради тоа што се бавам со музика мора задолжително да спортувам поради имиџ или со цел да изгледам добро пред публика. Физичката активност е пред сè за подобро здравје. Имиџот и стилот се оригинални и се градат низ текот на животот, какви и да се, а попиларноста и медиумите немаат допирни точки со тоа, барем во мојот случај. Физичката активност не е поврзана со мојата музика на таков начин.

Опремата која се користи за заштита ( оклопот ) се вика „Bogu“ и е составена од „Men“, „Do“, „Kote“ и „Tare“. Секоја кендока мора да биде облечена во Gi i Hakama. Школата каде што се тренира се вика Dojo, а учителот Sensei. Јас сум ученик на Златко Кесковски, човекот кој го донесе кендото во Македонија, а името на школото е Zen Kendo Dojo Yoshin.

Вештината е чиста и благородна, се практикува како спорт и содржи физичка и ментална активност за зајакнување на духот, карактерот и телото. Има цел да направи добри борци, како во натпреварот Shiai, така и во секојдневниот живот, во поглед на пречките кои ни се испречуваат низ текот на нашето постоење на овој свет.

Еден мој работен ден изгледа вака: станувам во 6 часот и 15 минути и се упатувам кон спортскиот центар Јане Сандански, фитнес центарот CYBEX и воедно работно место на мојот вереник. Вежбам отприлика еден час, и со тоа го будам моето тело и го ставам мојот метаболизам во функција на брза работа. Потоа се туширам, се облекувам и заминувам на работа. Бидејќи работам од 9 часот можам да си го дозволам овој „луксуз“, да вежбам наутро. Општо познато е дека најмногу енергија имаме наутро и тогаш вежбањето има најголем ефект. И морам да признаам дека се чувствувам прекрасно. Се ослободувам од насобраната негативна енергија и го раздвижувам и расонувам целото тело.

По работата најчесто одам на едно Lavazza еспресо во Кала. Попладне одмарам час до два, а од среда дo сабота навечер повторно работам во „Станица 26“. Периодов речиси секој ден ми започнува вака, освен кога сум спречена поради некои важни работни обврски. Понекогаш знам да вежбам и попладне, меѓутоа поретко бидејќи откако го открив утринското вежбање не би го заменила со ништо.

Под „активен живот“ подразбирам активност на телото и умот во секоја смисла. Физичката активност е многу важна пред сè за нашето здравје, за правилно држење на телото, за подобра кондиција, за побрз метаболизам и за добра циркулација. Живееме во пребзо време каде што денот ни е краток за сите работни и приватни задачи, па тоа нè наведува да не се храниме редовно, прескокнуваме оброци и надополнуваме енергија со брза храна полна со масти и холестерол. Човек кој се грижи за својата фигура, работи на своето тело и е посветен активно на одреден спорт НИКОГАШ не прескокнува оброци (поради неговата потреба да внесе одреден број калории на одреден број часови) и со тоа го одржува својот метаболизам во работна фаза во која согурува калории од таму каде што има вишок а не налепува масти за „не дај Боже”, бидејќи точно знае кога ќе му биде внесен следниот оброк.

Тука е секако и добриот тонус на мускулите, правилно обликување на телото и нормално, добар и фит изглед кој ќе ни даде и подобра самодоверба. Лично не сметам дека физичкиот изглед е пресуден за среќа и успех во животот но и тоа како ќе ни направи поубаво да се чувствуваме во својата кожа и да бидеме задоволни од себе, особено ако знаеме дека тоа самите сме го постигнале со труд, посветеност и дисциплина.

Активноста на духот исто така е многу важна. Духот го активираме со дружење со фамилијата, пријателите, луѓето кои ги сакаме, но и со учење, надградување во нашата област, негување на некое хоби. Според мене духот се храни и со запознавањето нови луѓе од кои можеме нешто да научиме, да споделиме искуства или едноставно од кои можеме да примиме убава енергија. А, исто така е важно да ги избегнуваме луѓето и нештата кои не полнат со негативна егергија. Јас, ова доста го практикувам во последно време.

Од големо значење е и да го работиме тоа што го сакаме, но уште поважно е да го сакаме тоа што го работиме. Само оној кој ја работи работата со љубов е вистински успешен во тоа. За човек да биде исполнет и среќен, треба да биде активен на сите полиња и да го контролира својот живот во сите аспекти. Бидејќи работам во ноќниот клуб Станица 26 како менаџер, сум постојано во контакт со успешни луѓе од најразлични области, како и урбани градски ликови и можам да кажам дека голем дел од луѓето живеат активен социјален и квалитетен живот, а во последно време е доста модерна и физичката активност што особено ме радува. Кај нас нешто мора да биде модерно за да го прифатат што поширок круг на луѓе, но сепак се радувам кога нешто корисно станува помодарство.

Во однос на здравиот начин на исхрана, искрено мислам дека тука свеста е на пониско ниво и многу малку луѓе се хранат здраво и правилно, меѓутоа во тој поглед последниве неколку години постои мало раздвижување. Јас сум особено среќна девојка што имам вереник кој е вљубеник во спортот и здравиот и активен начин на живот, па морам да нагласам дека ние заедно вежбаме па дури и заедно готвиме. Тој е професионален фитнес инструктор па е и мојот советник за сè во врска со фитесот и правилната исхрана. Дел од здравите навики ги прифатив од него, иако вежбав редовно уште пред да го запознаам, сепак се е полесно и позабавно во пар. Поддршката што ја имам од него за сè во животот е за мене бесценета. Без вистинска љубов и најголемите успеси во животот немаат вредност.

Моето мото е „Единствената личност која што може да ни помогне сме ние самите.“ Без разлика за што станува збор, колку ќе вложиме во нешто толку и ќе ни се врати. Верувам дека самите си ја кроиме сопствената судбина и самите сме одговорни за тоа што ни се случува, независно од тоа дали е добро или лошо. Со нашите постапки, нашиот однос спрема луѓето и универзумот ја создаваме нашата карма и си ја предизвикуваме судбината. Другото мое мото е „Биди промената што сакаш да ја видиш во светот“. Ако сметаш на светот му требаат повеќе среќни и активни луѓе, тогаш стани еден од нив.

Придобивките од физичката активност се повеќекратни. Како подобар изглед така и подобро чувство во врска со себе. Луѓето кои се физички активни имаат и повеќе енергија и желба за се во животот. Исто така преку вежбањето, телото се ослободува од негативните вибрации насобрани од брзиот живот. Ние девојките кога сме задоволни од сопствениот изглед и тело, имаме повеќе желба да си купиме по некое парче и да се дотераме, исто така и сме порасположени и за дружење, па би го спомнала и тој аспект. Иако изгледот не е најважен, сепак придонесува за да живееме поквалитетет живот.

Од кога почнав редовно да вежбам сум многу посмирена и порелаксирана. Морам да признаам дека последниве години сум многу повеќе свртена кон здравиот живот, спијам повеќе, се откажав од цигарите, а многу ретко конзумирам алкохол, па и тоа во голема мера ми го смени животот на подобро. Нема мамурлук, нема главоболки и кашлање од премногу испушени цигари. Се осеќам многу поздраво и поубаво.

(Активен живот е) „Брз живот исполнет со авантури“... хаха. Зависи, и од карактерот и од професијата. Најбитно е да не се заглавиш во „loop”. Да знаеш што сакаш и да се трудиш тоа да го постигнеш, а секогаш има повеќе. И ако барем малку осеќаш некаква граѓанска одговорност и свест не е можно да не водиш активен живот, поготово во ова време. Секој млад човек би требало спонтано да сака да осознава и да ги менува работите (на подобро). Веројатно затоа и сум се навлекол на скирол.

Иако на некој начин претставува спортска активност, skateboarding-от бил отсекогаш различен и без правила па затоа и опфаќа широк спектар на луѓе, места, карактери и амбиенти и нуди многу опции за поврзување со повеќе сфери на живеењето. Директно е врзан за социјалниот живот и целокупното опкружување и, на некој начин, претставува и критика на општеството, слично како и уметноста. Претставува акт кој се одвива на кое било место и зависи само од креативноста на поединецот. А кога имаш простор да бидеш креативен (ако го немаш, мораш да се избориш да го имаш) мислам дека автоматски водиш активен живот.

Мото: Константно учење и доживуавање нови искуства по свој личен избор. Да не попуштаме пред пораз и да се најде начин за да се помине некаква препрека. Пак ќе кажам, на толку многу различности нормално е секој да се води по свое сопствено убедување па така различни луѓе различно гледаат на работите. Меѓутоа, има една работа што ги поврзува сите вистински вљубеници во скиролот а тоа е константно доживување на падови и желба за уште еден обид. Blood, Sweat And No Tears!!! :)

И сè повеќе пробувам да го спојам со сите мои интереси и сфери во животот и нормално дека има и те каков одраз како физички така и врз начинот на размислување и делување. Од музика и уметност до начин на облекување и идеологија. И нормално како созреваш така се менува и ти се истенчува вкусот, стилот и начинот на кој гледаш на работите и сакаш да се изразиш. Ти ги отвора очите за толку многу работи, во исто време и те тера да се стремиш кон перфекција. Покрај самиот чин, имаш простор да манипулираш и со други медиуми, да ги видиш истражиш и доживееш работите од поинаков агол. Би сакал и кога нема да бидам способен да возам толку активно скирол, да бидам дел од сето тоа и некако да придонесам за сцената. Љубов голема... не знам малку е „забегано“... :) Што се однесува до физичката придобивка... можеби не здраво тело, ама здрав дух, да. :)

Skateboarding-от и не е некоја особено групна активност, ама како и сите работи кога ќе ги споиш со добро друштво и убава енергија ти даваат посебно задоволство и чувство на припадност, без разлика дали се тоа луѓето со кои секојдневно функционираш и возиш или се „random“ фаци со кои си се споил и делите добро искуство. За разлика од многу други работи, во skateboarding-от постои еден дух на единство, независно од возраста, бојата на кожа или социјалниот статус. Каде и да отидеш, доколку си фер и и ги почитуваш локалците и нивното опкружување, добредојден си за sk8 и за дружба. И баш поради таа колективност меѓу скејтерите многу луѓе од различни слоеви во општеството кои се соочиле со некаков тежок период во животот добиле шанса и простор повторно да застанат на нозе.

Се викам Ивана, работам како референт за извоз во реномирана македонска винарија. Работниот опис ми подразбира толкава динамика до степен на буквално растрчување навака-натака со часови, папирологија, одговорност и запазување рокови... што всушност и ми се допаѓа, ми прилега на темпераментот и дури ми е и од физичка полза затоа што, несвесно всушност тоа трчање ми влијае на линијата.

Не можам да кажам дека сум редовна и посветена на еден, конкретен спорт или пак, навлечена. Знам често да менувам и да пробувам нови нешта во обид да се пронајдам, но едно е сигурно - за мене која било физичка активност мора да е поврзана со забава и смеа, бидејќи не ми е битен само резултатот пред огледалото, туку, најмногу и пред сè, што таа буди во мене.

Во зимскиов период би го навела лизгањето како рекреативен спорт кој за мене претставува неколку нешта кои не така лесно можам да ги пронајдам во друг... лизгањето за мене е „влез“ во еден бајковит свет каде се насмевнуваш само што ќе стапнеш на ледениот „подиум“, се препушташ на музиката, си подигруваш, пееш...
Saved as a favorite, I really like your blog!
Hi, just wanted to tell you, I enjoyed this post. It was inspiring.Keep on posting!
Keep up the exceptional job !! Lovin’ it!