Моето име е Анастасија, имам 22 години, наскоро 23. Поминува петтата година од моето живеење, студирање и работење во Љубљана. Едноставно кажано, 5-та година во местото во кое дејствувам и се пронаоѓам. За себе би рекла дека сум неуморна личност, која секогаш се стреми кон повеќе – повеќе завршени работи на моите (најчесто) непостоечки to-do листи, повеќе изодени чекори во денот, повеќе часа спиење, 2-3 шољи црно кафе, повеќе поминато време со луѓе кои ми носат добра енергија… и да, најчесто во брзање, но тоа не значи дека не знам да уживам. Секој слободен миг го користам за опуштање, за кафе низ град, секако во мојот сакан @tozdbar. Тие моменти ги документирам на мојот инстаграм профил. Just for fun. За почеток, толку за мене.

1. Како ти почнува денот, колку пати менуваш комбинации? Што обично носиш преку ден, а што навечер?

– Зависи каков е денот, дали е работен или не, сончев или не… Ако се работи за ден полн со работни обврски, тогаш одговорот е едноставен – дукс и mom jeans, спортски чорапи и секако, добри и удобни патики. Ако пак имам слободен ден, можам да кажам дека одвојувам повеќе време за планирање на својот аутфит. Живеејќи во Љубљана научив дека комфорот на облеката која ја носам е на прво место. Затоа, не ми е проблем доколку денската прошетка се претвори во вечерно излегување и едноставно двете ги поминам во истиот аутфит. Тогаш, би изгледала вака – добри flared jeans, еднобојна oversized маичка во комбинација со oversized blazer и chunky патики = едноставно, удобно, доволно приземјено за дневна варијанта, а доволно кул за во диско.

2. Според тебе, што најчесто потсвесно истакнуваме преку начинот на кој се облекуваме?

– Би рекла дека начинот на облекување на некој начин го изразува животниот стил и карактерот на една личност. Во мала доза и колку е таа личност смела и самоуверена. Не зборувам за експериментирање со модни трендови, напротив, туку колку една личност е смела да го покаже сопственото „јас“ преку својот стил. Ако се земам себеси за пример, често одбирам класични и едноставни парчиња, никогаш ексцентрични и никогаш премногу колоритни. Паралелно, карактерно не се сметам како ексцентрична или премногу весела личност (хаха). Но, не ја судете книгата по корицата, нели.

3. Што никогаш не губи мода?

– Тука би наброила неколку парчиња, кои се според мене модни класици – црна ролка, долг еднобоен волнен капут, добар (винтиџ) џинс, кожна јакна и мал црн фустан.

4. Паралела меѓу младите во Љубљана и тука? Каков е нивниот начин на живот и размислување во однос на младите овде?

– Во Љубљана кохортот на младите го запознав од друг аспект – далеку полиберални, поотворени, со мошне поинаков начин на живот во споредба со тој што нам ни е близок. Би рекла дека младите тука се похрабри да го искажат сопствениот став и често тоа го изразуваат преку својот изглед, многу често кршејќи ги „модните правила“. Секако постојат исклучоци, стилски клонови и комбинации од кои сум презаситена (тие со кои е преплавена масата на луѓе), но јас зборувам за одредена група на млади кои секојдневно ги среќавам низ градот, а тоа се младите љубљанчани кои не се плашат да се издвојат од толпата.

5. Имаш некои модни опсесии?

– Имам! Мојата најголема модна опсесија во годините од кога живеам тука е словенечкиот бренд @frachella и нивните безвременски totebags кои ги имам во скоро сите бои, ги носам во секоја прилика и секое годишно време – на пазарење, на плажа, патување, па дури и вечерно излегување. Воедно основачката на овој бренд @matejaskraba е моја модна опсесија from day one, заради стилската едноставност и лежерност кои ги поседува.

Во светски рамки, опседната сум со стилот на француската модна икона @leiasfez, мајка на три деца, секогаш шик – she is who I aspire to be in the future. И се воодушевувам и на @annawinck и смелоста што ја искажува на нејзиниот инстаграм профил. Можеби не би носела многу од нејзините модни комбинации, но тоа не значи дека естетски не ме привлекуваат. Last but not least – Charlotte Cardin. Мојот омилен женски вокал, која како сите претходно споменати изгледа едноставно, спортски, носи oversized парчиња кои прекрасно ѝстојат, ми служи како пример и инспирација за effortless looks.

6. Низ каква модна фаза минувaш моментално? (На какви парчиња си навлечена lately?) Дали би се облекувала поинаку од ова, што би сакала да додадеш во своите комбинации?

– Сметам дека непрестано го градам својот стил и моментално ништо не би променила. Но, дефинитивно би додала неколку парчиња, кои се долго на мојата листа со желби. Ќе започнам со athleisure брендот Sporty & Rich. Не би пребирала и би го имала секој дукс, маица, тренерки – you name it! Опседната сум со модата од 90-тите, па овој бренд целосно се совпаѓа со модната фаза низ која моментално поминувам. Како дел од моите модни опсесии морам да го споменам и брендот @aimeleondore (Aimé Leon Dore) и нивните парчиња кои имаат едноставен, но моќен дизајн. Ја обожувам нивната соработка со брендот New Balance и цела колекција е на врвот на мојата wish list! И без оваа соработка, сум вечен фан на @newbalance, па не би ми пречело да поседувам уште неколку пара патики. Во скоро време, планирам да вложам повеќе и да се почестам себеси со една дизајнерска ташна. Имам неколку на ум, меѓу кои и Le Chiquito Montagne moyen на @jacquemus или пак некоја budget friendly варијанта на high street брендовите, како DKNY. Во потрагата по полуксузни парчиња, сметам дека вреди да се истражат и винтиџ продавниците, бидејќи секогаш може да искрсне добра зделка, добро зачувано парче за добра цена. Како што веќе напоменав, кожна јакна е класика и отсекогаш била дел од моите комбинации, затоа мислам дека вреди да се инвестира во квалитетна кожна јакна, која ќе трае со години. Фаворит – јакните на @acnestudios.

7. Што сметаш дека е кул за една модна комбинација, со што некој успева моментално да те освои, особено да ти се допадне и да ти го задржи вниманието ?

– Софистицираност, добар вкус, едноставност, елеганција и ахроматски бои во комбинација со деликатни, но колоритни детали.

 

8. Што ти го покрева духот?

– Сончеви денови, кафе-муабет со најдобри другарки, добра храна, добри вести и дефинитивно шопинг, па дури и online. Едвај ги чекав и журките, местата со кул музика, дружењата и концертите, од кои моментално (пак) паузираме. На моето расположение и колку самоуверено се чувствувам влијае и тоа, колку сум задоволна од аутфитот и начинот на кој изгледам тој ден.

9. Кои ти се клучни парчиња гардероба кои секогаш завршуваш да ги облечеш кога немаш идеја?

– Кога немам идеја најчесто го отвoрам својот инстаграм профил, со цел да се потсетам на некои комбинации што сум ги носела во минатото. Во сооднос со моето расположение на денот, бирам ист или сличен стајлинг. Таа метода се има покажано како мошне успешна. Во случај мојата метода да не функционира (хаха) облекувам фармерки, комотен џемпер, патики и секако, tote bag.

10.Следиш модни трендови? Актуелен тренд што ти се допаѓа и што не ти се допаѓа.

– Не можам да кажам дека слепо ги следам трендовите. Свесна сум што ми одговара, а што не. Последен тренд кој го привлече моето внимание беа the curtain bangs, за кои после кратко размислување решив да направам промена и да ја сменам својата фризура. Не се каам за оваа одлука, бидејќи сметам дека беше одлично освежување. Како што реков, враќањето на 90-тите одговара на мојот стил. Не смеам да заборавам да ја спомнам и mini bags опсесијата. Поседувам неколку и дефинитивно би ја зголемила својата колекција.

A big NO за мене се стилските клонови – носење комбинации целосно ископирани од излог или од некоја позната блогерка. Носење нешто, само заради тоа што е во најнов тренд. Како посебни парчиња што не ми се допаѓаат се бесмислените „ролка ракави“ кои лани беа насекаде или пак овогодинешната опсесија со зелената чанта на Zara, која што ја поседува секоја втора девојка. Sorry not sorry. Посимпатично ми е да видам некое уникатно парче, отколку нешто што е премногу mainstream.

11. Се водиш ли по некоја животна филозофија?

– Живеј во моментот и зграпчи ја секоја можност. А да, и сè што правиш, направи го за себе. :)

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply