„Kреирам во самиот момент и простор. Инспирацијата за ваквиот пристап ја наоѓав во тибетантската филозофија, а особено ритуалот на песочна мандала кој учи на тоа дека на нешто можеш да посветиш многу детално внимание, да го искреираш со љубов, а потоа да е потребен само еден миг за да исчезне. Тоа ми е целата филозофија во креацијата што ја следев во концертните перформанси. Често и кога пуштам музика, така пуштам, чувствено. Така всушност и се облекувам.

Оние кои ме препознаваат интернационално по делото (како Klara), често ме опишуваат како мост помеѓу природното и технолошкото. Ја опишуваат мојата музика како емотивна, мистична, мрачна, шаманска, а истовремено ги потсетува на природата. 

Многу ценам кога е нешто рачно направено и има љубов во него. Нивниот дух го носам со себе“.

Нурнете во креативна динамика, интелектуални љубопитства, автентичен стил, истражувања во различни домени и теми кои даваат нови инспирации, доза на мистичност, бунтовност, природност и свежина, авантура и неуморност во авторската работа.

Со голема возбуда ви ја претставувам единствената, Милена.

Spread the love
  •  
  •  
  •  
  •   
  •   
  •   

Leave a Reply