Кажете ми, кој од Вас не се заборавил листајќи списание за ентериери или пак со саати не скролал онлајн низ слики од неверојатни домови?! И не се наежил од креативниот спој на мебел со неочекувани предмети, од неверојатните игри на тонови, од декорот и од умешноста во уредувањето! „Домот е таму каде што е срцето”, а срцето на „Скопје се носи” овој пат го освои токму ова вонсериско скопско станче, уредено со многу љубов, трпение, чувство за естетика и млад дух. :) Еден од омилените „предмети” кој го комплетираше ентериерот, воедно и последниот стајлинг годинава, беше Пабло – екстремно неодоливиот, палав и фотогеничен јазовичар. Еве како изгледаше едно опуштено и пријатно претпладне: колачи, бела креда на црн ѕид, предновогодишно расположение, пред сè, позитивни вибрации во добар амбиент и outfit. :) Голема благодарност до тимот на Fashion group, Bata и Springfield за соработката. Благодарност и до семејството Чаловски за амбиентот, и „ѕвездата на денот”, Пабло.
Комбинезон Springfield 2990 денари
Маица Springfield 790 денари
Наметка Springfield 3390 денари
Јакна Springfield 6590 денари
Зимски чевли Bata 5690 денари