Иии, да. Сè уште е месецот на лудата „Марта“. Марта која менува руво како за четири годишни времиња во еден ден, која нè улави ко „пекмез“ дете, час сонце, час дожд… и лак виножито. После дождот секогаш доаѓа сонце, ако ни се „посреќи“ односно, ако на Марта и’ се погоди денот, ќе не почасти и со виножито. Токму тоа и ја прави Марта толку посебна. Мора малку луцидност, не?! Во спротивно не би било забавно, не би имало виножито, не би се случувале феномени. И сме спремни. Mood swings деновите на „Марта” се броени а ние со една нога загазени во пролет.
И знаете што? Уште пред човекот да ги смисли „колекторите за сончева енергија“ природата не смислила нас – феноменални природни сончеви „Колектори“. Собираме сончева енергија и ја трансформираме во животна енергија која не движи и мотивира напред во дневните потфати и акции, позитивни, насмеани и енергични. „Sunshine Collectors, gather around, ни претстојат топли дни!”
„Скопје се носи“, меѓу другото, радосно ја најавува новата сезона на соработка со „Fashion Group Macedonia”! „Чевлата го краси делото“ така што драгиот тим на „Бата“ повторно ќе ни обезбеди и многу повеќе од удобни чекори до нови предизвици а „Fashion&Friends“ ќе нè дотера, софистицирано и типски, во повеќе од 10 супер урбани брендови… нека бидат изненадување, бидете со нас! ;)
Стартуваме од источниот влез на „Јужна трибина“, тип-топ од глава до пети, спремни сите за пролет!
Levi’s фармерки – 7.390 денари
Maison Scotch маица – 2.790 денари
Maison Scotch јакна – 11.390 денари
Marciano Guess очила за сонце – 9.500 денари
Replay чанта – 4.190 денари
Bata чевли – 2.890 денари