Почни со диско и фанк, откриј ги подобро 90-тите хип-хоп и ар-енд-би, не се плаши од модерните инди денсови и тек-хаус, листата продолжува па така и оваа моја музичка авантура, која сè уште е на самиот почеток.
Јас мислам дека многу добра музика е направена од различни жанрови, за да може да се одвои еден доминантен жанр како најдобар. Сите се еднакво заслужни за почит.
Така јас, еден ден ја погледнав мојата музичка колекција и сфатив дека припаѓам на онаа помала и ќе речам, запоставена група на диџеи. Станува збор за всушност, не толку позната кај нас опен-формат категорија. Категорија која не нè ограничува и ни дозволува да измешаме, надвор од маргините. Тоа е тоа што му треба на нашево Скопје. Како во музуката така и во личниот стил.
Сонувам за правење музика, сортирање на плејлисти и диџеј сетови. Сега засега во спалната соба.
Јас сум Пеџа и сметам дека (барем засега) сум на вистинскиот пат…
Okay, say no more!
– Добро истражување на сите жанрови музика
– Острење на слух во домашна атмосфера
– Острење на слух во атмосфера во кафич
– Острење на вкус во диско атмосфера
– Мали, но битни обожаватели
– На печалбарство во странство
– Еден DUPER x Maroon 5 – Girls like DUPER (itarpeja mashup) на youtube (https://www.youtube.com/watch?v=iPGGcLI7UOw)
– Многу „не пуштам српско” на родендени
– Неколку мудри мисли како оваа
Три години подоцна…
- Oпрема од печалба :)
2. Кул, необична визитка
3. Супер стилче
Ииии после денови и ноќи поминати во работна атмосфера, благодарение на оваа опрема, хавајскава крагна и бесна ретро наочара… „NuDisco Afterwork session” за вас дами и господа.
Душата на миксов е диско ритамот. Генерално, модерна измешана со постара денс музика. Опушта, после напорен ден или недела. Слушнете ја…
А, еве нешто и за секој ден од престојнава недела.
Зoшто да не, „Еvery night is a club night” – Итар Пеџа
https://soundcloud.com/user-370325354